Индексот на индустриското производство во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.4


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст од 12.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 7.0 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сe, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 8.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.1 %, Капитални производи за 6.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 105.2.



Видете следно

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, …