Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во споредба со јуни 2018 година, е зголемен за 1.2 %


Според податоците на Државниот завод за статистика,. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1.9 % и Алкохолни пијалаци за 1.7 %, додека намалување е забележано во групите Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.2 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.8 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.8 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.2 %.


Видете следно

Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, …