Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е намален за 1.0 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.9 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 1.0 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.9 %.

Во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.

Во делот аутпут, во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 102.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.2.



Видете следно

Премиерот Заев во телефонски разговор со Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции наш стратегиски и суверен избор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс …