Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 3.4 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.8 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 3.4 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.8 %.

Во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.

Во делот аутпут, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.4.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …