Индексот на цените во земјоделството во јули кај инпутот е зголемен за 9.0 %, а кај аутпутот е зголемен за 4.6 %.


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 9.0 %, а кај аутпутот е зголемен за 4.6 %.

Во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 109.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Во делот аутпут, во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.1.

Видете следно

Почна огласот за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра

Младите земјоделци до 40 години од вчера ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од …