Индексот на цените во земјоделството во март 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.1 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.1 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.3 %.

Во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.4.

Во делот аутпут, во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.0.


Видете следно

Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Северна Македонија

Денеска во Битола се одржа првата од циклус обуките за анализа на квалитетот на сточната …