Индија се подготвува со закон да ги забрани криптовалутите


Индиските власти планираат да донесат закон со кој ќе се забранат криптовалутите.

Според нацрт-законот секој кој ќе тргува или поседува криптовалути ќе биде казнет, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори во Владата. Забрането ќе биде и „рударење” криптовалути.


Во 2019 година владина комисија препорача казни од 10 години затвор за луѓе кои „рударат”, поседуваат или продаваат и прават зделки со криптовалити. Засега не се знае дали со новиот закон ќе бидат толку строги казните. ссм/

Њу Делхи, 15 март 2021 (МИА)


Видете следно

АД ЕСМ понуди пониска цена за електрична енергија од лани

Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од 36,1 евро за мегават час на …