Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2018 година е намален за 0.5 процентни поени


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2018 година е намален за 0.5 процентни поени во однос на ноември 2018 година и изнесува 20.4, а во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки, во декември 2018 во однос на ноември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2018 година изнесува 68.8 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.8 %, недоволната домашна побарувачка со 14.7 %, недоволната странска побарувачка со 14.6 % и неизвесното економско опкружување со 10.4 %.



Видете следно

Премиерот Заев во телефонски разговор со Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции наш стратегиски и суверен избор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс …