epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Индустриското производство во првото полугодие со раст од 2,5 отсто


Индустриското производство во првите шест месеци годинава, во однос на истиот период лани е зголемено за 2.5 проценти. Во јуни 2022, пак, во споредба со јуни минатата година растот на индустриското производство е 0.9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 4.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.


Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 17.5 %, Капитални производи за 7.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.са/



Видете следно

СДСМ: Македонската економија привлекува сериозни странски инвестиции

Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски …