Инфлацијата во еврозоната продолжува да се намалува


Годишната инфлација во еврозоната во јануари 2014 е 0.7 %, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба Евростат. Тоа е пад за 0,1 % во однос на декември 2013.

Тоа е најмногу поради поскапувањето на храната, алкохолот и тутунот – 1.7 %, следен од услугите – 1,1 %, а кај енергијата од минус 1,2 %.

Евростат ги покажа и податоците за невработеноста во еврозоната и ЕУ за месец декември. Според нив показателот е 12% во Еврозоната, на исто ниво како и во ноември, а во ЕУ е 10.7 %.

Вкупно 26.2 милиони луѓе во рамките на ЕУ се невработени, како 19.01 милиони од нив се наоѓаат во рамките на еврозоната.

Земјите -членки со најнизок процент невработени се Австрија – 4.9 %, Германија – 5,1 %, Луксембург – 6,2%, а највисоки вредности показателот има во Грција – 27.8 % и Шпанија – 25.8 %.



Видете следно

Агенцијата за храна и ветеринарство го осудува обидот на Цветан Трипуновски за изјавата и презентирањето на невистини

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го осудува обидот на Цветан Трипуновски, член на Извршниот …