Инфлацијата во Јапонија е највисока последните 32 години


Потрошувачките цени во Јапонија се искачија до 32-годишен врв, пишува Bloomberg. Зголемувањето е резултат на повисоките цени на комуналните услуги и зголемувањето на данокот на потрошувачката. Овие мерки доведоа до најголемиот пад на трошоците на домаќинствата од земјотресот во март 2011 година.

Потрошувачките цени, без свежата храна, се зголемија за 3,4% на годишна основа во мај, соопшти локалното биро за статистика денес. Трошоците на домаќинствата опаднаа со 8% за една година, што ги надминува сите досегашни прогнози.

Гувернерот на Bank of Japan, Харухико Курода објави дека очекува инфлацијата да се забави во наредните месеци, пред да се забрза повторно, достигнувајќи ја целта на Централната банка за 2%. Јапонскиот премиер Шинзо Абе сака да се зголемат платите на вработените, помагајќи ја инфлацијата.

“Тешко е да се замисли дека домаќинствата се среќни од “Абеномиката “. Падот на нивните трошоци покажува дека тие тешко се справуваат со растечките цени и даноци.”, коментира за Агенцијата Таро Сато, директор за економски истражувања во NLI Institute.

Инфлацијата без енергетските носители беше 2,2%. Сметките за електрична енергија се зголемија за 11,4%, а бензинот со 9,6%.

Обезвреднувањето на јенот за 18% во однос на американскиот долар во 2013 година ги зголеми цените на увезената стока, меѓу кои значителен удел имаат енергетските производи.

 



Видете следно

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, …