Инфлуенсер маркетинг – нови можности и предизвици за комуникациската индустрија


Влијанието на личноста во современиот начин на живеење станува вистински предизивик во начинот на комуницирање. Феноментот „инфлуенсер“ и неговата моќ да пренесе важни пораки кон јавноста преку социјалните медиуми ќе биде главна тема на конференцијата „Нови комуникациски трендови – инфлуенсер маркетинг” што ќе се одржи на 29 март (петок) со почеток во 10 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Конференцијата е во организација на Македонската асоцијација на агенции за маректинг (МААМ).

Во рамките на конференцијата за своите искуствата и предизвици со новите комуникациски трендови ќе зборуваат истакнати професионалци од Адријатик регионот, како што се Срџан Ерцег од Huge Media од Србија и телевизиски коментатор во Спорт Клуб, Домен Маврич и Алеш Грахек од Avi Словенија, Љубица Вукчевиќ од DM, Данка Трбојевиќ од Drive од Србија, Зоран Спасов – Ѕоф од Klip Media Group, Игор Трајковски, основач на интернет агрегатот time.mk и Сергеј Варошлија, телевизиски водител и др.

Идејата за организирање на оваа стручна конференција од страна на МААМ е поврзување на експертите и професионалците од регионот со цел споделување на искуства и знаења, во насока на што подобро имплементирање на новите трендови во комуникациските стратегии на овие пазари.

Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) е стручно и непрофитно здружение на агенции и професионалци кои се занимаваат со комуникации од областа на маркетингот, адвертајзингот, односите со јавноста, закупот на медиумски простор, дигиталниот маркетинг и други дисциплини од областа на пазарните комуникации и брендингот. Основана е во 2002 година од водечките маркетинг агенции, а во неа членуваат 14 агенции од земјава.

Една од главните цели на МААМ е развивање и унапредување на професијата, заштита на интегритетот и угледот на струката и заштита на професионалните интереси. Покрај тоа, МААМ се залага за подигнување на јавната свест за значењето и улогата на професијата, како и промоција на квалитетни и професионални комуникации во компаниите, институциите, непрофитните организации.

Карти за конференцијата може да се набават преку интернет-страницата kupikartizase.com


Видете следно

Денеска се одржа годишната Конференција – „Зајакнување на заедниците: нов моментум за децентрализацијата“

Денеска се одржа годишната Конференција на децентрализацијата и локалната власт – „Зајакнување на заедниците: нов …