Instagram достигна 200 милиони корисници


Сервисот за споделување на фотографии Instagram најави дека има повеќе од 200 милиони активни корисници, пишува специјализираното списание PC Magazine.

Клучното достигнување доаѓа 13 месеци откако Instagram достигна 100 милиони корисници. 50 милиони луѓе се регистрирани само во последните шест месеци. Во времето корисниците на Instagram објавиле импресивен број од 20 милијарди фотографии.

Во исто време во популарната апликација се подготвуваат промени. Instagram може да го прекине партнерството со услугата Foursquare и да користи Facebook Places, за да им овозможи на луѓето да го означуваат местото каде е направена фотографијата.

Неодамна компанијата додаде нови црти кон апликацијата за iOS и ја освежи мобилната програма за Android со поедноставен дизајн и подобра брзина.


Видете следно

За една недела со специјалните возила пајак се подигнати 224 возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (17.01 – 23.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …