Интерактивна дебата „Зборовите како уметност“


Интерактивна дебата „Зборовите како уметност“ ќе се одржи денеска во „EU House“ во Скопје на која панелистите ќе разгледаат различни перспективи за употребата на зборовите како уметност.


-Ќе учествуваат професионалци кои секојдневно ги користат зборовите во културата и уметноста. Преку дискусии за нивните вештини за збор/јазик, широката дебата на крајот ќе има цел да сподели гледишта за тоа како најдобро да се надминат проблемите во комуникацијата засновани на јазикот, соопштија организаторите.


Најавено е учество на амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, писателите Дејан Дуковски, Владимир Мартиновски, Јосип Коцев, Симона Јованоска, новинарот Ѕвездан Георгиевски, психологот Радмила Живановиќ, кустосот Дијана Томик-Радевска и уметници кои учествуваат на изложбата во резиденцијата на ЕУ. хс/са/

Фото: МИА архива