Интерес за ИКТ и Прехранбената индустрија на штандот на Агенцијата


На виртуелнот штанд на Агенцијата, на вториот ден од глобалната конференција се одвиваат презентации и состаноци со заинтересираните посетители. До сега најголем интерес е покажан за ИКТ секторот и за прехрамбената индустрија.

Вчера, на првиот ден односно „ДЕН НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ”, почесен говорник беше Дејан Павлески, директор на Агенцијата. Неговата онлине презентација беше на тема „Можности за инвестирање и трговија”, по што следуваа директни вклучувања со прашања и интерес за инвестирање како и за извозниот потенцијал.


Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлине. Исто така присутни на настанот се и бројни наши, домашни, извозно ориентирани компании.

Think Global конференцијата е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент. На Глобалната конференција присутни се компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …