Интернешнел хотелс АД Скопје со 15,5% повеќе ноќевања од лани


Во трите тромесечија од 2014 година, Друштвото оствари вкупни приходи од 71,132мил. денари кои се 1,6% зголемени во однос на исптиот период во 2013 година, вкупните трошоци изнесуваат 64,659 мил. денари.

Остварен е позитивен финансиски резултат во износ од 6,473 мил. денари. На почетокот на 2013 година Менаџментот на Друштвото презема активности за промена на ценовната политика истата продолжи и во 2014 година.

На почетокот на оваа година беше реновиран уште еден спрат во хотелот, со тоа се подобри квалитетот на понудата и услугите во хотелот, што резултираше со подобри резултатот од работењето. Остварени се вкупни 20.482 ноќевања што е за 15.56% повеќе споредбено со 2013 година кога се остварени 20.839 ноќевања за истиот период.

Во наредниот период Друштвото очекува подобри резултати од работењето од првото полугодие, подобра искористеност на капацитетот, намалување на финансиските трошоци.


Видете следно

Нова состојба во светот со починати од коронавирусот: Еве каква била вчера ситуацијата во споредба со завчера

Соединетите Американски Држави станаа првата земја на светот во која бројката на заразени лица со …