Интервју, Бранко Станчев: Денес слободно може да се каже дека интернет пристапот е срцето на секое семејство


Бранко Станчев е Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком. Со него разговаравме за новиот продукт на пазарот- новата Magenta 1, растечките апетити на корисниците за интернет и трендот на конвергирани услуги.

Македонски Телеком лансираше нов продукт на пазарот, нова Magenta 1, што е ново во новата Magenta 1?

Уште пред неколку години кога ја создававме Magenta 1, мислевме на сите комуникациски потреби на едно семејство и вклучивме сè во едно: мобилни услуги, интернет и најдобрата телевизија MaxTV. Направивме продукт со сите услуги кои му се потребни на едно модерно семејство. Тоа што сега секое седмо семејство користи  Magenta 1, зборува дека конвергираните услуги се вистински и прв избор на корисниците.

Сега одиме еден чекор понатаму. Со новата Magenta 1 им нудиме многу поголема вредност на корисниците, понудата е поедноставна и прилагодена на новото дигитално време, уште пофлексибилна е, со повеќе опции за комбинации и наменета за сите семејства кои имаат потреба од интернет, а денес слободно може да се каже дека интернет пристапот е срцето на секое семејство.

И до сега корисниците можеа да одберат различни пакети, која е разликата?

Пакетите S, M и L остануваат во секоја категорија на услуги, но сега има поголема слобода во комбинирањето и повеќе опции. Досега корисниците имаа обврска да изберат најмалку две мобилни линии и телевизија, а отсега со новата Magenta 1  може да се избере како опција само интернет услугата и една мобилна линија. Но, сепак веруваме дека најголем дел од корисниците ќе ја вклучат и најдобрата MaxTV, која е достапна за многу поволна цена. Сакавме да размислуваме поотворено, пофлексибилно и да ги вклучиме сите. Но и да им дадеме можност на корисниците сами да го направат својот избор, затоа направивме и интерактивна веб страница достапна за сите видови екрани, каде што корисниците ги одбираат опциите, прават комбинации што се најдобри за нив, а со секоја комбинација следуваат дополнителни можности и поволности.

Кои поволности ќе ги добијат корисниците на новата Magenta 1?

Со оглед на тоа што интернет пристапот е витален орган на денешното живеење, вклучивме двојно повеќе мобилен интернет во домашна мрежа, но и можност корисниците преку мобилната апликација Телеком МК да активираат дополнителни 3 GB месечен мобилен интернет. Дополнително, бидејќи следува време на одмори и патувања надвор од нашата држава, вклучивме и 1 GB мобилен интернет во роаминг во повеќе од 40 земји во светот, цело лето. Корисниците на новата Magenta 1 добиваат бонус од 16.000 денари за уреди, врвна онлајн заштита за децата со Kaspersky Safe Kids, како и можност за подобар Wi-Fi сигнал во домот со Speed port Plus рутер.

Но, целта не е само да има повеќе интернет и поволности во понудите, туку и одличен интернет пристап за сите семејства. Интернетот стана основна потреба за секое семејство и секоја индивидуа, а користењето на интернет сè повеќе се зголемува. Потрошувачката на поединечни корисници се мери и во терабајти, што само пред неколку години беше незамисливо. Сè повеќе се зголемува обемот на податоци што се пренесуваат, а наша обврска е да им овозможиме пристап на сите корисници, секогаш и секаде.

Што е потребно за да се задоволат растечките апетити за интернет? 

Одлична инфраструктура, инвестиции во мрежата, постојана надградба и ширење на оптиката, градење совршена мобилна мрежа, само така ќе можеме да обезбедиме непречен пренос на сè поголемиот обем на податоци. Македонски Телеком досега има инсталирано оптички кабли за пристапни мрежи со должина од 4.000 km, со што е обезбедена покриеност на 31,6% од домаќинствата, а тоа е голем процент и во рамките на Европа. Тоа се околу 200.000 домови покриени со најквалитетна оптичка структура. Во рамките на Дојче Телеком сме меѓу водечките според искористувањето на инсталираните капацитети за користење на оптичкиот интернет. Ние ќе продолжиме да вложуваме во оптика, затоа што тоа е иднината, но во меѓувреме работиме на зголемување на брзините и преку воведување технологии како што е VDSL таму каде што сѐ уште нема пристап до оптика. Во текот на мај и јуни ја зголемивме брзината на интернет пристапот на околу 30.000 семејства кои користат интернет услуги од Македонски Телеком.

Дали трендот на конвергираните услуги, како што е Magenta 1 ќе остане актуелен и во иднина?

И во наредните неколку години ќе продолжи трендот на користење конвергирани услуги и пакети со двојно или тројно повеќе интернет. Ова зборува дека најважна е инвестицијата во мрежата – надградбата и ширењето, создавање солидна инфраструктура преку која ќе може да се пренесуваат сè поголемите количини на податоци, што наскоро веќе нема да се мерат со терабајти, туку со петабајти.


Видете следно

Какво време не очекува денес

Времето денес ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со …