Интервју, Џемаил Даути: Во конкуренција мора некој да успева, меѓу тие што успеват сме и ние


Џемаил Даути заедно со своите браќа Хамим Даути, Феми и Бесим Даути се одлучуваат да основаат компанија. Годините кои следуваа беа исполнети со 50-часовна неделна работа и остварување на една визија. Денес би рекле – “невозможна мисија”. Деловната активност на семејството Даути започнува со трговија на разновидни производи до 1994 година. Разговаравме со Џемаил Даути околу моменталната ситуација на пазарот, продажбата, конкуренцијата …

1. И покрај зголемувањето на силната конуренција во овој регион, вие успевате да имате раст на продажбата. На што се должи тој успех?

Прво во конкуренција мора некој да успева, меѓу тие што успеват сме и ние. Нашата позиција во целокупното стопанство и најважно е нашиот уникатен начин на функционирање, благодарение на тимот кој што го води тимот на Даути Комерц.

2. Во Црна Гора отворивте дистрибутивен логистички центар. Вредеше ли таа инвестиција?

Инвестирањето генерално во Даути Комерц, се врши во функција на подигање на конкуренската способност. Инвестицијата во дистрибутивниот центар во Црна Гора, ги дава своите резултати, во логистичкото функционирање на пазарот во Црна Гора.

3. Стопанската комора на Македонија, неодамна ви додели специјално признание за инвестиции во странство што ќе ги поттикнат извозните активности на македонските производи. Сметате ли дека имаме и какви македонски производи може да се продаваат одлично на странскиот пазар?

Во Македонија, добар дел од производителите не се среќни што имаат производи и за странскиот пазар, ние со нашиот регинален концепт на развојот, сме иницијатори на голем број, и увозници сме на прозводители на Македонија во компаниите на Даути Комерц Албанија, Косово и Црна Гора кои што тие производи добро котират на тие пазари. Пред да бидеме пристутни на тие пазари, производите таму немале никаков пласман.

4. На што се фоксурате во овој момент? Планирате ли нови инвестиции?

Во моментот најмногу сме фокусирани на подигање на позцициите во пазарот, проширање на асортиманот на нови производи на пазарот, покрај тоа што имаме 60.тина брендови. Планираме проширување на просторот во магацинските простори во Сарај во нашиот магацин. Исто така, во Косово планираме проширување на просторот со дополнителни 8000 метри квадратни. Во Албанија бараме место за подигање на логистички центар.

5. Каде најмногу според вас грешат македонските производители? На што треба да посветат најмногу внимание за да добијат полесен пристап и пласман на светските пазари?

Домашните производители , зборуваме за производи за широка потрошувачка, покрај регионалните пазари за влегување во европските пазари треба да се фокусираат на квалитетот на производот и цената и заедно со државата да ги промовираат нивните прозизводи на европските и светските пазари.

6. Оваа година ќе учествувате на FMCG самитот и ќе бидете еден од говорниците. Колку според вас се важни ваквите настани ?!

Овој настан е целокупната работа на инсторе, јас ги подржувам ваквите настани, а Инсторе ги поздравувам и им посакувам успех. Со ваквите настани, бизнисите и компаниите се запознаваат и покажуват дека имаат моќ.


Видете следно

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …