Интервју со д-р Андријана Богдановска, Центарот за Управување со Знаењe: на жените им е повеќе потребна мотивација отколку можности


Сте слушнале ли за проектот WECAN? За да ни стане малку појасно, разговаравме со д-р Андријана Богдановска Ѓ., директор на Центарот за Управување со Знаењe, организација која е еден од партнерите на овој проект.

  1. Дали можете ли да ни кажете нешто повеќе за проектот? За што се работи во овој проект?

Според Европската Комисија во 2017, иако 52% од популацијата во Европа е составена од жени, само 1/3 од европските претприемачи (40.6 милиони) се жени (11.6 милиони). Претприемачката активност на жените во Европа се уште го нема достигнато целиот нејзин потенцијал.  Податоците за женското претприемништво публикувано во Глобалниот монитор за претприемништво, покажуваат дека жените се соочуваат со дополнителни потешкотии во однос на мажите, особено за прашања поврзани со инвестициската околина. Овие бариери го отежнуваат успехот на жените во претприемачките активности. Општо, во земјите членки на ЕУ, постојат помали очекувања за раст и повисоки стапки на дисконтинуитет за претпријатијата предводени од жени. Извештајот исто така покажува дека на жените им е повеќе потребна мотивација отколку можности. Ова сугестира дека поддршката на новосоздадени бизниси, менторствата, едукацијата и обуките се важни алатки за да се одджат претприемачките активности на жените со текот на времето. Перцепциите на жените за нивните способности да започнат бизнис се многу ниски во економииите на ЕУ и покрај тоа жените се често високо образовани.


WECAN  или проект за развивање на oбука за тренери на жени претприемачи е проект на стратешко партнерство ко-финансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија. Проектот, го опфаќа претприемништвото како клучна компетентност за започнување на бизнис и создавање на вредност како што е пропишано од работната рамка на EntreComp. Проектот цели да ги зајакне позитивните перцепции кај жените за нивните можности и вештини да започнат бизнис преку пат на индивидуална обука во која тренери со релевантно претприемачко искуство ќе пренесат што всушност значи да си претприемач.

Проектот трае 24 месеци.  Започна во ноември 2019-та и ќе трае до октомври 2021-ва.

  1. Кој е реалниот output на проектот? Кои се целите?

Целите се многу едноставни. Проектот е фокусиран на надминување на  недостатокот на структуирана помош за жените претприемачи и развивање на знаење и алатки за помош и совет од нивни врснички кои веќе развиле успешни бизниси. Со истото се цели да се развијат основни и трансверзални претприемачки вештини користејќи прилагодена и индивидуална програма за обука. Понатаму, се работи на зголемување на чувството за иницијатива и претприемачки начин на размислување кај млади жени и млади претприемачи и се промовира неконвенционалното и неформалното учење за да се изгради самодоверба, да се надминат бариерите и да се зајакнат невработените жени.

  1. Вие сте еден од партнерите во овој проект. Кои се другите партнери?

Вкупно сме 6 партнери од неколку европски држави: Франција, Северна Македонија, Грција, Шпанија, Италија, Кипар, додека проектот го води EUROCIRCLE – Centre d’Information Europe Direct од Франција. Од нашето досегашно искуство во соработка на европски проекти морам да истакнам дека на овој проект го имаме најдобриот тим до сега. Исклучително мотивирани, креативни и силни жени го водат овој проект, и досегашните резултати го покажуваат истото.

  1. Кои се активностите кои сега ги спроведувате, а и оние кои планирате во иднина да ги спроведете?

Тука ќе се надоврзам на претходното прашање. Проектот има 3 интелектуални резултати. Првиот е Методолошкиот водич за WECoaches во кој ќе се опише методологијата за обука на WECAN. Воедно изработуваме и Сет на алатки со активности за енергизација и активности за „скршување на мразот“. Овие активности ќе му помогнат на WECoach при обука. Вториот е изработување на курикулум, односно наставна програма за индивидуална обука на жените и на крај, третиот резултат е интернет платформа со специфични алатки кои можат да се користат за coaching. Курикулумот и платформата ќе бидат преведени на сите јазици на партнерите.

Првиот резултат или Методолошкиот водич за WECoaches и Сетот на алатки со активности за енергизација и активности за „скршување на мразот“ се веќе подготвени и поставени на веб страницата на проектот. Истите можат да се видат на следниот линк.

Во рамките на проектот исто така планираме и спроведување на обука за 18 жени обучувачи, која ќе се оддржи во Палермо, Италија во април 2021. Обуката ќе трае една недела и целта е WECoaches да се воведат во алатките на проектот за да можат да ги користат во иднина. Проектот е сеопфатен и сметам дека резултатите ќе бидат од голема помош за голема група на жени во Северна Македонија.

Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во Република Македонија и регионот на ЈИЕ. Покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.


Видете следно

Топлотниот бран ризик и за земјоделството, агрометеоролозите препорачуваат наводнување

Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени, предизвикаа поизразено губење на почвената влага. Агрометеоролозите препорачуваат …