Интервју со Гоце Кузмановски, ЛЛ Кетеринг: Во Македонија воведуваме стандарди рамо до рамо со најдобрите светски во индустријата


За тоа што значи и што опфаќа кетеринг услугата, кои се стандардите што треба да ги испорача и кои се нејзините предности за корисниците, разговараме со Гоце Кузмановски, генерален менаџер на кетеринг компанијата Парти Сервис Лео.

  1. Koja e компанијата ЛЛ Кетеринги што точно работи?


ЛЛ Кетеринг е специјализирана компанија за кетеринг која поседува две кујни во Скопје, една во Прилеп и една во Кичево.

Во нашето 13 годишно постоење, денес може да кажеме дека прераснавме во компанија која што вработува 150 вработени со полно работно време.


Нашата работа е поделена во два сектори, индустриски и комерцијален кетеринг.

Во индустрискиот сектор произведуваме и опслужуваме над 5.000 оброци дневно за потребите на 14 компании чиишто вработени се хранат секојдневно од нашите кујни.

Во комерцијалниот сектор и во кујната за комерцијални кетеринзи годишно се подготвуваат над 600 настани со различни концепти: прослави, забави, годишнини, свадби, корпоративни настани, родендени и сме целосно опремени и подготвени во секое време да опслужиме 2.000 гости со храна, персонал и опрема во било кој дел во Македонија.

 

 

  1. Што сè опфаќа вашата кетеринг услуга? Нудите ли комплетно решение за еден просечен настан?

Секоја кетеринг услуга е приказна самата за себе. На секој Клиент приоѓаме со голема сериозност и секогаш се трудиме да ги надминеме очекувањата. Не треба да сме научници за да ги исполниме барањата – секогаш се ставаме на местото на нашиот клиент.

На секој клиент може да му гарантираме: свежа и вкусна храна, послужена и сервирана според сите стандарди и норми за безбедност во угостителството, со манири и однесување на персоналот на највисоко и срдечно ниво во пријатен и чист амбиент и сето тоа за најдобра вредност на парите.

 

  1. Можете ли да ни направите споредба на пазарот во смисла на приватни и корпоративни корисници? Кои се почести и позастапениклиенти, и има ли разлика по однос на барањата?

Освен за големи кетеринг настани, како што се годишнини на компании, тим билдинг настани, позначајни корпоративни денови, бизнис средби и дипломатски настани, разни промоции, ние сме отворени и за сите други настани: детски родендени, крштевки, домашни слави,  веридби, свадби, а барањата се секогаш различни.

Секој клиент за нас е посебен. Знаеме дека ако работата е добро завршена, нашиот бенефит нема да биде моменталната заработена вредност, туку дека сме го зацврснале нашиот темел на компанијата за нејзин раст и развој.

 

  1. Колкав број на гости сте услужиле најмногу и колку гости можете максимално да услужите за еден настан?

Моменталниот наш капацитет е мжност во секој момент да опслужиме 2.000 гости со храна, персонал и опрема. Најголем настан за нас досега кој го имаме опслужено е во 2016 година при реализацијата на Октоберфест каде се соочивме со 1700 гости. Тоа беше јубилејното 10то издание кое се одржа во Скопје во организација на Германската стопанска комора во Македонија, каде ЛЛ Кетеринг беше одговорен за подготовката на храната, послужувањето и целокупната опрема потребна за настанот.

 

  1. Кој е бенефитот за клиентите кои ја користат вашата услуга?

Во досегашното наше работење, ние сме секогаш подготвени, точни и на време ја извршуваме нашата работа.

Водиме комплетна грижа за целокупниот настан и гарантираме за нашата работа.

За секој Клиент, без оглед на потребите и барањата секогаш сме на располагање да дадеме стручен совет, мислење и  искуствен фидбек сè со цел да испорачаме услуга од „пет ѕвезди“ каде сите аспекти се врвни, премиум и беспрекорни. На крајот Клиентот добива сервис кој е максимално професионален и прилагодлив на индивидуалните или корпоративни преференции и очекувања. Кетеринг токму каков што му одговара. А на кој не му одговара кетеринг услуга која се доживува како „пет звезди“?

Досега немаме незадоволни клиенти на што сме посебно горди.

 

  1. Имате ли нешто ново што би им го најавиле за читателите, што можат да очекуваат во однос на обемот и/или квалитетот на услугата што ја испорачувате согласно идните планови за развој на компанијата?

Во моментов работиме на зголемување на капацитетот преку инвестирање во нова современа опрема за кетеринг.

При крај сме со изградба на новата кујна со тројно зголемен капацитет, нова технологија на производство и паковање на храна со што целиме за прв пат во Македонија да воведеме стандарди рамо до рамо со најдобрите светски во индустријата.

Нашиот комерцијален кетеринг наскоро го очекува нов пристап кон резервирањето и нарачувањето на кетеринг – онлајн преку веб со испробани менија и пакети (food box).

 

  1. Имате ли конкуренција и која е вашата конкурентна предност над останатите компании со иста дејност?

Начинот за работење со храна е многу променлив. Ако ги следиме светските трендови, последниве неколку години имаше драстични промени во делот со начините на исхрана, суровини со посебни нутриционистички вредности, во дистрибуцијата и логистиката…. Истото се случува во Македонија.

Нашиот менаџерски тим е свесен за сите овие трендови и секојдневно ги следи случувањата.

Секојдневно ги контролираме нашите процеси во работењето со цел да ги достигнеме зацртаните планови и да ги доловиме резултатите што треба да ни го поплочат патот кон поуспешна и попродуктивна иднина.

Нашиот персонал е нашето најголемо богатство. Вложувајќи во него, во обуки, безбедна околина за работа, современи алатки и методи на работењето, вложуваме во нашата предност кон останатите во овој бизнис.

 

  1. Кои се најновите трендови во кетеринг индустријата? И колку се применуваат кај нас?

Еден од поголемите трендови е технологијата cook and chill како едноставен контролен систем за напредна подготовка на храна која ќе ја имплементираме за кратко во нашиот нов објект.  Cook- Chill системот има додадена вредност на одржување на квалитетот на храната, нутритивната вредност, вкусот и изгледот. Техниката вклучува готвење на храна, проследено со брзо ладење и складирање на контролирани температури до пет дена. Тренд кој ќе го запазиме со новиот објект е имплементацијата на норми за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и продуктивност во работењето, а опремата што ќе се вгради е последен state of art во угостителството.

 


Видете следно

Жито Лукс со донација се вклучи во кампањата „Помислете и на нас“ на Црвен крст

Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 50 пакети со брашно од по …