Интервју со Валентина Димитрова, Скопски Саем: Секоја година 30% од учесниците се странски директни учесници


Интервју со Валентина Динмитрова, Скопски Саем најголемите стручни саеми Технома и Градежништво во Октомври:

  1. Саемот за Градежништво и Технома ги очекуваме во октомври, заедно со долгоочекуваниот Саем на Мебел. Овие два најголеми саеми во сопствената категорија ја собира бизнис заедницата, на едно место. Што можеме да очекуваме оваа 2018?

Оваа година со задоволство Скопски Саем ги најавува саемите во октомври, Саемот на Мебел ќе се одржи од 05-10.10.2018, а наредните два Саемот на Градежништво и Технома од 24-28.10.2018 година. Саемите ќе се одржат во Спортскиот комплекс „Вип Арена Борис Трајковски“ во современи монтажни објекти. Саемот Технома и Саемот на Градежништво се деловни саеми и програмите на изложување се надополнуваат. Впрочем пред 15 години пред да се одвои Саемот на градежништво како посебна манифестација беше дел од програмата на Технома.

  1. Градежништво и Технома како и Мебел се со нова локација, комплексот ВИП Арена Борис Трајковски. Дали ја задоволуваме површината која е потребна за изложување на овие “гломазни” индустрии?

Саемите ќе се одржат на вкупна површина од 8.000 м2. Таа површина секако одговара за да се организира успешен  настан на кој се претстават изложувачите од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, градежните материјали, градежната механизација, како и најголемите градежни компании Комплексот на  „ВИП Арена Борис Трајковски“  има добра инфраструктура која одговара како за изложувачите така  и за посетителите. Блиску е до централното градско подрачје, има обезбеден паркинг, а за посетителите дополнително во соработка со ЈСП ќе се потрудиме повторно да обезбедиме две нови градски линии кои сообраќаат до коплексот, по примерот за одржувањето на Саемот на Книга во месец мај, кој беше рекордно посетен.

  1. Порај Саемот за Градежништво, паралелно се посветува внимание и на саемот за Недвижности РЕАЛЕКСПО. Градежните трендови се дел од оваа манифестација, дали ќе ги видиме најголемите градежни компании со своите нови проекти во градежништвото?

Пред 8 години во рамките на Саемот на Градежништво како програм на изложување за прв пат го воведовме секторот за недвижнини (Real Estate). Се покажа многу успешно. Основнате цел е да се ги собере на едно место сите релевантни фактори, кои ќе ги презентираат сегашните и идни проекти, како и да се воспостават нови бизнис контакти помеѓу претставниците од градежниот сектор, широката публика и јавните институции. И оваа година својата понуда ќе ја презентираат пред публиката повеќе од 25 градежни комании и ќе понудат станови по поволни цени и услови за купување на истите.

  1. Зелената архитектура, позната како зелено градење или одржливо градење е светски тренд. Дали овој тип на технологија и архитектура во вид на материјали е присутна во експо зоната на Градежништво и Технома?

Повеќе години наназад акцент на саемите  се става на енергетиката, заштедите во енергијата, користењето на материјали за енергетска ефикасност, енергетски ефикасни решенија, заштита на околината и рециклирање, енергетско ефикасно домување, употреба на материјали за добивање на енергетско ефикасни објекти. Светскте трендови во зеленото градење или одржливото градење иако не многу брзо, но сепак со доволен интензитет се применуваат и во нашата земја, па така да и оваа година очекуваме да бидат застапени на саемите.

Имено проектите за финансирање на резеденцијалниот, а секако и во јавниот сектор за користење на енергетско ефикасни материјали се големи и очекуваме тие кои што ги имплементираат истите да бидат присутни на саемот и да ги претстават истите пред пошироката публика.

Исто така би сакала да нагласам дека во рамките на саемските манифестации години наназад се реализираат и пропратни саемски активности или саемска Програма  која се однесува на настани како што се форуми, дебати, трибини, конференции и претсавува додадена вредност на саемите. Така и оваа година ќе се организра програмата т.н ТЕХНОИНВЕНТ која тематски ќе ги обедини сите три самески манифестации. Имено како и во поселдните 3 години од кога се случува Техноинвент, се планира да се реализираат дебати, трибини кои се во полето на иновациите и тоа од аспект на урбаното живеење, екологијата инвестициите, креативните индустрии и сл. За подетални информации во врска со ова пратете нè на ФБ и на нашата веб страница. 

  1. Овие саемски манифестации ги собираат сите релевнатни фактори од оваа гранка на едно место, ги соединува сите активности во еден комплекс, од планирање до изградба, прку градежни материјали, градежни машини, технологија и иновации…дали ова го поттикнува движењето на економијата кај нас и дали се интересни за странските учесници?

Програмата за изложување е голема, но постојано се надополнува. Најреномираната саемска манифестација  ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, градежни материјали, градежна механизација, како и најголемите градежни компании .

Секоја година 30% од учесниците се странски директни учесници индивидуално или како групно претставување на националните економии. Досега групно учество на Технома сме имале од следните земји, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Ителија, Австрија, Тајван, Турција итн.

 


Видете следно

НА ТЕМА ОБЈЕКТИВНОСТ СТАРТУВА ОСМАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ

ОБЈЕКТИВНОСТ е темата на осмото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) …