Инвеститор на ул. “Мајаковски“ сам ја отстранува дивоградбата


Општина Центар нема да ги толерира дивоградбите и самоволното градење на својата територија.

На улица “Мајаковски“ инвеститорот незаконски и непочитувајќи го одобрението за градење при градбата на објектот за станбено домување изградил на мезанин арматурно бетонска плоча со димензии 8.23 х 5.50 и второ поткровје со димензии 17 метри на 9.75 метри.

Од страна на овластениот градежен инспектор, на инвеститорот со решение му е наредено во определен рок да ги отстрани недостатоците и да ја усогласи градбата.

За да не дојде до присилно отстранување и уривање на дивоградбата, инвеститорот ја прекина изградбата и сам пристапи кон отстранување на дивоградбата.

Општина Центар и овластените градежни инспектори внимателно ја следат состојбата на теренот во општина Центар и ќе интервенираат при секое отстапување од правосилните одобренија за градење.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …