Инвеститорите од Wall Street добија подарок од Facebook


Социјалната мрежа Facebook ги објави своите резултати за третиот квартал на 2014 година и од нив се гледа дека месечниот број на активни корисници веќе достигна 1,35 милијарди луѓе.

Многу поголемиот дел од редовните претплатници на Facebook се и активни мобилни корисници на услугата. За последниот квартал 1,12 милијарди луѓе ги користеле социјална мрежа во мобилни уреди, што е зголемување за 29 проценти во однос на минатата година.

Приходите на компанијата за оваа четвртина се 3,2 милијарди долари, и тоа е зголемување од 59 проценти во однос на 2,02 милијарди долари во третиот квартал на 2013 година.

Компанијата забележа 90% раст на профитот за третиот квартал. Тој за периодот изнесува 806 милиони долари, или 47 центи по акција, во споредба со 425 милиони долари, или 27 центи по акција, една година порано.

Резултатите ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, кои очекуваа заработка по акција од 40 центи и приходи од 3,12 милијарди долари.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …