iPad ја слави својата трета годишнина


Таблетот на Apple беше претставен на 3 април 2010. На почетокот публиката не беше импресионирана од новиот производ и не веруваше во успешниот развој, но уште со самото појавување iPad’от го промени радикално пазарот.

Apple успеа да продаде вкупно 121 милиони таблети во вредност од 67,7 милијарди долари, а во првата четвртина на 2013 се очекува компанијата да продаде уште 18 милиони уреди во вредност од 8 милијарди долари.


iPad успеа да стави крај на нетбуците – малите преносни компјутери наменети за сурфање на интернет. Сега Apple се обидува да го замени и лаптопот со својот мал и компактен таблет.

Друга индустрија, која настрада од појавата на iPad е компјутерската. Продажбата и побарувачката на десктоп компјутерите опадна драстично во 2012, а во 2013 се очекува интересот да продолжи да се намалува. Во моментов единствената компјутерска технологија која одразува раст во продажбата се таблетите.


Веднаш по појавата на iPad многу производители почнаа да јакопираат технологијата и да произведуваат таблети, кои ќе се натпреваруваат со производите на Apple. Во моментов еден од најуспешните конкуренти на компанијата се Amazon со таблетот Kindle Fire и Google со своите производи од серијата Nexus.


Видете следно

ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата …