IQOS уредот со несогорлив тутун на Филип Морис почна да го освојува пазарот во САД


Ако на 4ти октомври кога IQOS и несогорливите тутунски патрони на Филип Морис Интернешнел (ФМИ) официјално почнаа да се продава во САД во само едно продажно место во Атланта, веќе сега несогорливиот тутун може да се најде во околу 500 продавници на тутун во главниот град на сојузната држава Џорџија.

Компанијата Алтриа, со која ФМИ склучи ексклузивен договор за лансирање IQOS на американскиот пазар, ја одбра Атланта за лансирање на производот на американскиот пазар затоа што главниот град на Џорџија е  технолошки центар со „неколку стотици илјади“ возрасни пушачи. Алтриа ќе ги следи резултатите пред да го донесе IQOS и во други градови, иако од компанијата соопштија дека планираат  брзо проширување. Од Алтриа велат дека производот е привлечен за возрасните пушачи, нудејќи ја бараната сатисфакција. Од компанијата проценуваат дека од околу 34 милиони возрасни пушачи во САД, околу 20 милиони бараат алтернатива на традиционалните цигари.

А токму таков уред е IQOS кој е уред дизајниран да го подобри искуството од пушењето, но без да го гори тутунот. За разлика од е-цигарите, IQOS користи вистински тутун. Уредот го загрева тутунот наместо да го гори, избегнувајќи го хемискиот процес што се јавува при пушење цигара а кој произведува многу штетни токсини. IQOS го загрева тутунот само доволно за да ослободи пареа од тутун што содржи никотин, но без горење на тутунот.

Тутунот во цигарите гори на температури поголема од 600 °C, создавајќи чад што содржи високи нивоа на штетни хемикалии. Но, IQOS го загрева тутунот на многу пониски температури, до 350 °C, без согорување и создавање пепел или чад. Греењето на пониската температура ослободува вистински вкус на загреан тутун. Бидејќи тутунот се загрева и не гори, нивото на штетни хемикалии е значително намалено во споредба со чадот од цигарите.

Управата за храна и лекови (ФДА) ја одобри продажбата во САД во април оваа година. Притоа, Управата утврди дека аеросолот што IQOS го произведува содржи помалку токсични хемикалии од чадот од цигарите. Исто така, утврдено е дека многу од присутните токсини се присутни на пониско ниво отколку во чадот од цигари.

Управата сепак утврди правила со кои се обезбедува продажба во САД само на возрасни пушачи. Токму затоа, IQOS во сите продажни места во САД можат да ги купат само постари од 21 година. Ако производот се нарача и плати преку интернет, сепак мора да се подигне на продажно место каде мора да се потврди староста на купувачот.

IQOS е во продажба во 49 земји од 2014 година. Околу 8,8 милиони потрошувачи во светот веќе избраа да се префрлат од цигарите на овој производ.

Во Македонија пред неколку месеци беше усвоен нов Закон за тутун и тутунски производи со кој за прв пат се регулира и овозможува легално производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун.

шувачи во светот веќе избраа да се префрлат од цигарите на овој производ.

Во Македонија пред неколку месеци беше усвоен нов Закон за тутун и тутунски производи со кој за прв пат се регулира и овозможува легално производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун.

 


Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев и Администраторот на УСАИД Грин – Американските граѓани преку УСАИД од 1993 даваат поддршка за развој на демократијата, транспарентноста и просперитетот на Северна Македонија

 Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо …