Иран и Русија пред историска комерцијална трансакција за 20 милијарди долари


Владимир Путин е пред трговски договор од 20 милијарди долари, кој ќе му овозможи да ги заобиколи западните санкции во енергетската сфера, соопштува британскиот The Daily Telegraph.

Трансакцијата е на пат, откако рускиот министер за енергетика Александар Новак и министерот за нафта на Иран Бижан Намдар Занган потпишаа 5-годишен меморандум во Москва за соработка. Конкретните договори ќе бидат разгледани на 9 и 10 септември во Техеран.

Според новиот договор Русија во Иран ќе испрати машини, опрема и стока за широка потрошувачка. Во замена на спротивната насока ќе потече иранска нафта. Во моментов Западот на Техеран наметна трговско ембарго поради проблемите со неговата нуклеарна програма.

Русија ќе учествува исто така во изградба на централи и далноводите во Иран.

Првично имаше информации дека Москва ќе купува по 500 000 барели иранска нафта дневно, пишува во. “Коммерсант”. Годишно тоа значи околу 25 милиони, што е околу една четвртина од целото извадено количество од земјата. Во моментов, сепак договорот е 2,5-3 милиони тони. Се смета дека Русија ќе ја препродава нафтата на Кина и на земјите во Африка.

Договорот ќе биде голема победа и за двете страни, откако нивните економии и особено енергетскиот сектор им беа погодени од западните санкции.

 



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …