Breaking News

Иран најави реципрочни мерки по новите санкции од ЕУ и Велика Британија


Иран денеска најави реципрочни мерки како одговор на вчерашните санкции од Европска Унија и од Велика Британија.

Одлуката на ЕУ и на британската Влада ја покажуваат нивната неспособност да ја разберат реалноста во Иран. Мерките ги покажуваат фрустрациите на тие земји што не успеаја да предизвикаат нестабилност во Иран и покрај големиот труд и трошоци, истакна портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.


На вчерашниот состанок во Брисел, министрите за надворешни работи на ЕУ додадоа 37 ирански поединци или ентитети на нивната листа на санкции против Иран поради кршење на човековите права. Новиот четврти пакет санкции беше усвоен во контекст на растечките тензии меѓу Иран и ЕУ, која го обвинува Техеран за репресија за време на демонстрациите организирани по смртта на Махса Амини на 16 септември минатата година и за снабдување на Русија со беспилотни летала.

ЕУ, исто така, воведе замрзнување на имотот и замрзнување на визите и финансирањето на ЕУ за повеќе од 60 ирански официјални лица и ентитети поради задушувањето на демонстрациите што следеа по смртта на Махса Амини.


Во исто време, Велика Британија додаде пет лица и два ентитети на списокот со санкции против Иран, со што вкупниот број се искачи на 50 лица или субјекти санкционирани како одговор на кршењето на човековите права од страна на Техеран.

За иранските власти протестите се о охрабрени од земји и организации непријателски настроени кон Иран. Стотици луѓе, вклучително и припадници на безбедносните сили, беа убиени за време на демонстрациите, а илјадници беа уапсени, а четворица мажи беа егзекутирани.


На 12 декември, Иран ги санкционираше британската разузнавачка служба МИ5, британските воени претставници, како и германските политички фигури како одмазда за претходните санкции наметнати од европската страна. Иран го санкционираше и сатиричниот магазин Шарли Ебдо и персиската редакција на Радио Слободна Европа. ми/