Иран почна да ги ограничува инспекциите на МААЕ


Официјален Техеран од денеска почна со ограничување на меѓународните инспекции на своите нуклеарни постројки, јави иранската државна телевизија,

Американските медиуми соопштуваат дека извештајот на државната телевизија не дава повеќе детали за постапката, освен што потврдува дека Иран ја спровел својата најава за намалена соработка со инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Иран претходно соопшти дека планира да го запре спроведувањето на Дополнителниот протокол меѓу Техеран и МААЕ, постигнат со нуклеарниот договор од 2015 година, што на инспекторите на ОН им дава поголеми овластувања да ги посетуваат нуклеарните постројки и да ја следат иранската програма.

Во изминатите неколку месеци, Иран почна да ги крши условите на договорот постигнат во 2015 година со светските сили, што предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите против земјата, соопштија американските медиуми.

Техеран се одлучи на ваков чекор откако САД во 2018 година унилатерално се повлекоа од Договорот под диктат на тогашниот претседател Доналд Трамп и повторно воведоа  санкции. сд/

Техеран, 23 февруари 2021 (МИА) –


Видете следно

Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари

Шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги денеска изјави дека Јапонија ќе потроши 1,9 милијарди долари …