Ирена Ристич: Знам дека сум романтик, знам дека се занесувам, али…


Знам дека сум романтик, знам дека се занесувам, али…

Не знам колку внимателно ме следите, во задњиов месец секојдневно објавувам ѓубришта од разни локации низ Македонија кои ми ги праќаат у инбокс и кои се постираат од наши членови во групата…
Нејсе, да скратам!
Шо ми е идејата!

Денес е 11.09…
За месец дена е еден од најголемите празници 11 Октомври и би сакала на тој ден да тргнеме во беспоштедна борба против ѓубрето! Ние, граѓаните, а ако сакаат и службите, немам против!
Како?
Со чистење!
Кој?
Секој на кого му пречи!
Каде?
Ширум убавата наша која ја утепавме со ѓубре и отрови.

Прво сакав да поканам претставници од сите 33-34 града, колку се, па после ми текна дека селата ќе речат дека дискриминирам и игнорирам, така шо поканата важи за сите населени места!
Доволно е да излезе по еден човек на локација и да собере макар мало кесиче ѓубре, да слика (пред и после) и да ми прати за да направиме еден празничен албум!

Мотивот е почитта кон оние кои се избориле за ова шо го имаме денес, а не го чуваме, едно и второ, во борбата против ѓубрето немам намера да изгубам!
Ни јас, ни овие “партизаниве” кои ме следат!

Ајмо!
Македонска Каменица, Брод, Кичево, Виница, Кочани, Струга, Пехчево, Делчево, Брвеница, Боровец, Охрид, Неготино, Битола, (ќе му ја земам тезгата на Влатко Ѓорчев… 😂😂😂)
Боговиње, Мешеишта, Маврово, Струмица, Дојран, ТеУтово, Зајас, Љубаништа итд, итд…

За почеток, споделете и да почнеме полека да се координираме за прославата!

Љуби вас #ПрваМетла

#НеБидиЃубре за Македонија


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …