Breaking News

Исплатени над 55 милиони денари за две подмерки од Интервентниот фонд


Платежната агенција соопшти дека се испатени над 55 милиони денари за две подмерки од Интервентниот фонд кои предводуваат финансиска поддршка за произведена и продадена зелка, како и за произведена и предадена слива.

-Исплатени се 41.691.315 денари кон 1 630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година. Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој севоди во МЗШВ и тоа, за максимална предадена количина на зелка од 30.000 килограм по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува три денари по килограм произведена и продадена зелка, информираат од Агенцијата.


Исплатени се и 13.329.398 денари на 478 корисници за подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.

-Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ и тоа, за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува два денара по килограм, а во септември изнесува четири денари по килограм, наведува Платежната агенција.


Според директорот Никица Бачовски, грижата за земјоделците останува приоритет, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство. мч/дма/