ИСПОВЕД НА НАШИНЕЦ ОД ШВАЈЦАРИЈА – ШТО РАБОТИ, ДАЛИ ДОБРО ЖИВЕЕ…


Има ли можност да добијат пристоен живот во земјата во кој се родени, дали се вреднувани од заедницата и општеството воопшто? На овие прашања низ радио приказните, видео материјалите и текстовите на интернет.

Македонија е далеку од Европската Унија , но стотици нејзини граѓани, веќе се нејзини жители. Некои заминуваат од економски причини, некои од политички, други во потрага по подобро образование, некои за да го видат светот, трети поведени од својот авантуристички дух.

Која и да е причината, кој и да е причинителот, факт е дека Македонија од ден на ден се празни. Патот надвор од Македонија, најчесто е еднонасочен.

Сепак не купуваат сите билет во еден правец. Делчевецот, Борко Веселиновски како младо момче ја напуштил Македонија, но не ја заборавил својата земја. Семејството, пријателите, родната грутка, носталгијата, биле пресудни дел од бизнисот да пренесе и во Македонија. Според него за добар и успешен бизнис, администрацијата во Македонија мора да сфати дека таа мора да биде во служба на бизнис секторот а не обратно.

Дваесет и седум години ја пишува својата успешна приказна во Швајцарија, делчевецот Борко Веселинов. Меѓу делчевци важи за еден од најуспешните бизнисмени и наши иселеници кој успеал да напише успешна иселеничка приказна. Кога заминал во Швајцарија како дваесетгодишно момче, не помислувал дека животот ќе го гради во туѓина, но плановите и реалноста во земјава се две различни нишки кои, сепак, биле пресудни тој да остане во Швајцарија.

„Ситуацијата кај нас во Македонија од економска гледна точка во континуитет, не се подобрува многу. Кога ќе добиеме работно место, кога формираме семејство, веќе тука ги пуштаме сопствените корења, на тлото кај што си заминал и мислам повеќе и не го поставуваме прашањето кога ќе се вратиме назад. Во Швајцарија имам фирма за ентериер, или поточно за технички тавани и подови. Фирмата е мала, многу повеќе работам логистика за големи компании“, вели Веселинов.

За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи


Видете следно

Мајката на Пино објави пораки од осомничената Ангела

Мајката на Пино Секондо, момчето по кое со месеци се трагаше и се водеше за …