Фото: Илустрација

Исповед на повреден Србин од Зубин Поток: Тие започнаа да трчаат и пукаат во мене …


РАНО ова утро околу 6 часот во Косовска Митровица, специјалната единица на Косово (РОСУ) започна со апсењето на Србите кои се членови на косовската полиција. Досега беа уапсени 19 лица.

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целосна подготвеност на армијата. Акцијата ја оцени како обид за криминализација на српскиот народ. Вучиќ испрати и порака дека српската војска ќе го одбрани својот народ ако дојде до напад и дека ќе го победат противникот.

Раденко Миловановиќ, еден од повредените Срби од селото Зубин Поток открива за Новости.рс дека припадниците на РОСУ биле насилни и се однесувале арогантно.

“Тие започнаа да трчаат и пукаат во мене, а потоа скокнав од три четири метри, па си ја повредив ногата. Еден од нив дојде до мене и продолжи да пука“, вели Миловановиќ. Раденко додава и дека лицата биле маскирани, имале фантомки и биле со полна воена опрема. Беше како воена состојба во која се уништија. Ние бевме со голи раце, никој не пукаше врз нив, како поставувавме барикади, а тие се рушеа и палеа. Влагаа во куќите и малтретираа жени и деца, додава тој.


Видете следно

Јоци: Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци вели дека општинарите во Охрид ќе урнат една-две дивоградби во Охрид ради …