Исповед на првиот човек од Р.Македонија кој организирал туристичка тура


Коле Цапкановски се смета за првиот човек во Македонија кој се обидел да организира групна авионска тура во Амстердам. Еве ја накратко неговата исповед:

„Се се одвиваше преку туристичката агенција САРАФ една од малкуте тогашни приватни агенции (се појави тогаш и ВИП ТУРС, веке од поодамна беше и АДРИАТИК МАВРОВО итн). Во еден дневен весник прочитав дека ке се одржи изложба на 100 години Ван Гог во Амстердам со сите негови дела собрани од сите светски музеи, како и од приватни колекции. Поентата беше во тоа што јас обезбедив билети за изложбата и не само тоа поради мојата струка (историчар на уметност) сакав што поголем број на студенти да опфатам, јасно покрај комерцијалниот бенефит, така да билетите ги наплатив по 10 германски марки, иста цена по која и беа земени преку еден мој другар од Амстердам. На црно билетите се продаваа од 100 – 200 марки.

Вториот дел не беше тежок за пронаоѓање на таргет група – Ликовна Академија и Катедрата на историја на уметност и археологија.

Третиот дел беше најтежок, кога во игра се појавија сите државни агенции кога дознаа дека се спрема огромна група што ке патува за Амстердам и по разно-разни влијанија го букираа летот за Амстердам за денот на поаѓање. Сето тоа се одвиваше преку тогашен Путник – ЈАТ. Поради поевтината понуда групата беше во недоумица, но сите понудувачи го заборавија најбитното, билети за изложбата.

Тоа беше студиска група со посета на изложбата во Амстердам, 100 години на Винсент ван Гог и тоа со присусуство на нашите еминентни ликовни творци Ана Темкова, Симон Семов и цела група на студенти од лиќовната академија како и една група од кардиохирургија“ изјави Г-дин Цапкановски.


Видете следно

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Во 1970 година, Opel ја револуционизира средната класа. Opel Ascona беше прототип на спортска лимузина …