Историска одлука: Вирџинија ја легализираше марихуаната


Вирџинија стана првата јужна американска држава што ја легализира марихуаната за лична употреба.

Сенатот и Претставничкиот дом на оваа држава гласаа дека возрасните можат да поседуваат марихуана од 1 јули, иако на мерката силно се спротивставија републиканските пратеници.

Демократскиот гувернер Вирџинија, Ралф Нортам изјави дека државата донела историска одлука и станала прва во јужните делови на Соединетите држави што легализирала „едноставно поседување марихуана“.

Неколку други американски држави, вклучително и Њујорк и Колорадо, донесоа слични одлуки, но Вирџинија е прва што го стори тоа на социјално и политички конзервативниот југ на САД, објави АФП.


Видете следно

За еден ден во светот нови повеќе од 718 илјади новозаразени со Ковид-19

Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во вчерашниот ден, од …