Италија подготвена да стави вето на новиот буџет на ЕУ


Италија е подготвена на самитот на Европската унија да стави вето на договорот за идниот долгорочен буџет на ЕУ доколку тој не биде во согласнсот соинтереси, изјави денеска италијанскиот министер за европски прашања Енцо Моаверо.

– Италија е подготвена да го искористи правото на вето доколку договорот биде неправеден и во спротивност на интересите на италијанските граѓани, изјави Моаверо, нагласувајќи дека сегашниот впечаток е негативен и би можел да резултира со отфрлање на договорот.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на почетокот на дводневниот самит во четврток ќе го изнесе новиот предлог за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година, во вредност од билион евра, околу кој земјите-членки не може да постигнат договор со надеж дека самитот нема да доживее неуспех.

Италија, една од 11-те земји членки на ЕУ кои се нето даватели на средства во буџетот на 27-члениот блок, бара укинување на некои работи и попусти кои ги уживаат Велика Британија, Германија, Шведска и Холандија.


Видете следно

Намален бројот на работници во индустријата

За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата  во периодот јануари ‒ август …