Ивор Мицковски: Дивоградбата пицерија е отворена со огномет, балончиња и сечење лента од градоначалникот на Струга


„Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид.

Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.

Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.

На се тоа, нашиот сакан и храбар премиер, им ветува на сопственици на дивоградби/хотели, дека ќе се погрижел да се легализира екочудовиштето.

Во Кочани, Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.

Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото. И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар екселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.

Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара. Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.

И ние сме биле хистерични…“

Facebook статус: Ивор Мицковски


Видете следно

Јоци: Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци вели дека општинарите во Охрид ќе урнат една-две дивоградби во Охрид ради …