Издадена 17 емисија обврзници за денационализација


Државата денес, 13 јуни 2018 година, ја емитуваше Седумнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра.

Со Седумнаесеттата емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.


Видете следно

КОЛЕВ ОД РИМ: ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ГО РУШАТ МЕЃУНАРОДНИОТ АВТОРИТЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот …