Издадени 284 одобренија за градење во јули од кои 63.4 % се наменети за објекти од високоградба


Според податоците на Државниот завод за статистика во јули 2019 се издадени 284 одобренија за градење, што е за 2.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 735 790 илјади денари, што е за 1.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 180 (63.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 40 (14.1 %) за објекти од нискоградба и 64 (22.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 284 објекти, на 189 (66.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 (33.4 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 184 станови, со вкупна корисна површина од 80 512 м2.


Видете следно

Иницијaтива на ФИТР и Македонската банкарска асоцијација за креирање на можности за дополнителна финансика поддршка на домашните компании

Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании …