Издвојувај колку сакаш и кога сакаш за посигурни пензионерски денови


Може да издвојувате кога сакате и колку сакате. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Или во некои месеци ништо да не уплатите. Можете и да заборавите дека сте издвојувале. Но на почетокот на годината „зелениот плик” кој ќе го добиете на ваша домашна адреса со информација за тоа колку пари сте заштеделе и за колку истите се зголемени во текот на претходната година, ќе ве потсети дека можеби е добро да продолжите со штедење за пензија. А за издвоените средства ќе добиете поголем приход отколку со класично штедење во банка. Ова го овозможува членството во некое од друштвата кои работат во рамките на третиот пензиски столб, односно во доброволното пензиско осигурување кое е замислено така луѓето во период кога се најпродуктивни да можат да одвојуваат и штедат.

Притоа, заштедените пари остануваат „сигурни” дека во некој момент нема да ги повлечете и да ги потрошите за гардероба, мебел, техника или некоја друга потреба, туку дека ќе останат да се чуваат и оплодуваат за посигурна старост. Средствата кои се собираат на индивидуалните сметки во третиот столб се наменети единствено за пензија и можат да се повлечат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, што во моментов значи најрано на возраст од 54 години за мажи, односно 52 години за жени. Доколку останат на вашата сметка до заминување во пензија, средствата ќе можат да се исплатат со еднократна или повеќекратна исплата, како пензиски ануитет, со програмирани повлекувања, или со комбинација од овие опции. Собраните средства на индивидуалната сметка на секој од членовите се наследни.

Во КБ Прво пензиско друштво, како лидер во пензиското осигурување во земјава, издвојувањето средства на доброволна основа во третиот пензиски столб е организирано во рамките на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд во кој, според месечниот извештај на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на крајот на јуни имаше 14.385 членови кои на овој начин штедат за посигурна старост. Дел од членовите одвојуваат на индивидуална основа, додека голем број фирми во пензиски шеми издвојуваат за над 11.000 вработени. За да се стимулира штедењето преку пензиски шеми, фирмите доколку уплатат две бруто плати, или околу 72 илјади денари, на годишно ниво се ослободуваат од сите придонеси и данок на личен доход и овие средства се сметаат како признат трошок на фирмата. За износот на уплатите кои се над овој износ, фирмата е должна да плати данок на личен доход и овој износ не е признат како трошок на компанијата.

Последниве години расте интересот за дополнително издвојување средства за посигурна старост. Независно од задолжителното издвојување средства преку личниот доход – во државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (прв столб), односно и во некој од приватните пензиски фондови од вториот столб,  сè повеќе вработени граѓани издвојуваат пари во третиот пензиски столб со цел да си обезбедат повисок приход по пензионирањето.

Но исто така, се издвојува и за да се обезбедат пензиски приходи и на лица кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, за оние кои немаат приходи по ниедна основа или за лица вработени на проекти.  Штедењето во третиот пензиски столб станува сè поинтересно и поради фактот што многу млади денес работат преку интернет, па уплата на средства на сопствена сметка може да им обезбеди еден ден да имаат пензија.

Статистичките податоци покажуваат дека членови во доброволните фондови во најголем број се млади лица (на возраст од 36 до 40 години). Односно, речиси половината од членовите се на возраст од 36 до 45 години.  Членовите кои имаат професионална сметка, пак, се повозрасни во однос на членовите со индивидуална сметка. Просечната возраст на сите членови вкупно е 44 години.



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …