Излезна анкета: економијата и пандемијата на коронавирус најважни за американските гласачи


Според излезната анкета на „Едисон Рисрч”, 30 проценти од американските гласачи ја издвоиле економијата како главно прашање при одлучувањето за кој претседателски кандидат да гласаат, а за 20 проценти најважна е пандемијата.

Економијата и пандемијата се најважните проблеми за половина од американските гласачи кои гласаа на претседателските избори, според излезната анкета.

Четворица од 10 анкетирани гласачи сметаат дека напорите на американската држава да се бори против коронавирусот се „многу лоши”, односно дека земјата не се соочила со пандемија на добар начин.

Половина од гласачите велат дека за нив е поважно да ја потиснат епидемијата, дури и ако и штети на економијата.

Гласачите денеска, но и претходните денови со предвремено гласање одлучуваат дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа уште четири години или ќе биде заменет со кандидатот на демократите Џо Бајден.

Повеќе од 100 милиони луѓе гласаа однапред, што е 72 проценти од вкупниот одѕив на претходните избори во 2016 година. Излезните анкети се темелат на истражување на гласачи при напуштање на избирачкото место. ссм/


Видете следно

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат …