Breaking News

Изложба на Андреа Коралес од Шпанија во галерија „КО-РА“


Во галерија „КО-РА“ во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје е отворена изложба на Андреа Коралес од Шпанија.


Ова гостување како што информираат од Галеријата е реализирано на иницијатива на Интернационалниот Балкански Универзитет од Скопје, Канцеларија за меѓународна соработка, а во рамки на Неделата на меѓународната размена на професори и студенти од повеќе универзитети од светот.


– На отворањето на изложбата и излагањето на уметницата и професор Андреа Коралес од Шпанија, беа присутни претставниците од Интернационалниот Балкански Универзитете од Скопје, како и професори од Словачка, Турција, Малезија, Чешка и други, ликовни уметници и културни дејци. свс/лв/

Скопје, 24 април 2023 (МИА)