Измислија ароматични смартфон известувања


Како ви се чини идејата смартфонот да известува за новите пораки со помош на специфичен мирис ?

Ако идејата ви се допаѓа, тогаш Scentee се вистинските за вас. Тоа се мали автоматски ароматизери, со заоблена бела направа, која се става во приклучокот за слушалки на телефонот. Потоа, таа одвојува мали количини мирис кога ќе се добие нова најава за повик или порака.

Scentee е опремена и со LED светла, која исто така ќе се пали на секоја нова порака .

Според ” Лос Анџелес тајмс” секој филер на освежувач, за околу 100 известувања, чини околу пет долари. Се очекува Scentee да работи под iOS и Android уреди, па да се појави прво на јапонскиот пазар на 15 ноември. Се претпоставува дека освен споменатите мириси ќе биде додаден и мирисот на сланина.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …