Израел ги заострува мерките за справување со коронавирусот


Израелската Влада денеска донесе одлука за заострување на мерките за контрола на коронавирусот, откако беше забележано алармантно зголемување на бројот на новозаразени.

Во Израел на 18 септември беше воведен втор карантин од почетокот на епидемијата, но во текот на изминатата недела дневниот број на нови инфекции достигна речиси 7.000 во земја со околу девет милиони жители, а вчера беа регистрирани 6.861 нови случаи на коронавирус, што е рекордно зголемување.

Новите мерки, кои стапуваат на сила утре, предвидуваат затворање на уште некои продавници и воведување нови ограничувања за патување, објавија израелските медиуми по владината седница што заврши доцна синоќа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека експертите проценуваат дека земјата, доколку не се преземат итни и тешки чекори, може да дојде „на работ на бездната”. паг/

Ерусалим, 24 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа …