Според објавените податоци вредноста на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари.
Вредноста на увeзената стока, според објавените податоци, во истиот период, изнесува 1.659.766 илјади американски долари што е за 15,1 отсто повеќе во споредба со тој период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 358.663 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021, изнесува 78,4 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија во овој период најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.скс/лв/
Скопје, 7 април 2021 (МИА)