Ја губат трката за 5G: И Нокиа го надминува ослабнатиот бренд Huawei


Европската Nokia успева да ја добие предноста како последица од проблемите на Huawei по воведувањето на санкциите во САД. И компанијата добива подобри позиции во трката за воведување на новата генерација на 5G мрежи.

Финскиот производител на телекомуникации објави дека успеале да потпишат 42 договори со клиенти ширум светот, објави СНН бизнис.

Ова ја става Нокиа во директна конкуренција со Huawei, која инвестира во развојот на мрежи од следната генерација.

Кинеската компанија, исто така, рече дека имала 42 договори за 5G и тоа 25 во Европа, 10 на Блискиот Исток и 6 во Азија.

Експертите, сепак, истакнуваат дека Нокиа може брзо да го надмине својот кинески ривал бидејќи брзо потпишува договори – околу еден договор неделно.

Така, во последните два месеца финската компанија има 12 договори наспроти 2 за Huawei.


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …