Во Шведска ја намалија основната камата до 0%


Централната банка на Шведска ја симна основната каматна стапка на нула. На овој начин таа сака да справи со основниот проблем во северната држава – инфлацијата. Ова е рекордно ниска камата. Намалувањето започна кон крајот на 2011 година, кога показателот беше во износ од 2 отсто.

Мерката ќе се задржи до порастот на инфлацијата. Таа е премногу ниска, иако економијата оди релативно добро, а целосната бизнис клима се подобрува.

Од централната банка на Шведска дополнуваат дека каматната стапка најверојатно ќе започне да се зголемува во средината на 2016 година. Ова е подоцна во споредба со претходните прогнози, кои покажуваа дека зголемувањето треба да започне во средината на 2015 година. Каматата треба да достигне 1,75% на крајот на 2017 година.

Во меѓувреме шведската круна падна до четиригодишно дно, откако курсот на американскиот долар паднал за 0,7 отсто до 7354 круни за еден долар, пишува ФТ.

 


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …