Breaking News

Јанчев: Со реконструкција на фекалната канализација на „Галишка“ се решава долгогодишен проблем


Со реконструкција на фекалната канализација на улицата „Галишка“ се решава долгогодишен проблем, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.


– ЈП „Комуналец“ Кавадарци продолжи со реализација на програмата за 2023 година. На улицата „Галишка“ започна реконструкција на фекалната канализација со цевки Ф315 и на водоводната линија со дијаметар Ф63. Со ова се решава долгогодишниот проблем со канализацијата на граѓаните кои живеат во оваа населба, соопшти тој.


Јанчев информираше дека денеска започна и реконструкцијата на улицата „Ило Костов“, по програмата за комунална изградба за 2022 година.

Реконструкцијата опфаќа гребење, промена на ивичници и асфалтирање. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“. свд/ир


Фото: Општина Кавадарци

Кавадарци, 4 април 2023 (МИА)