Јанчев: За две до три години во Кавадарци очекувам комплет изграден граничен премин кон соседна Грција и заобиколница


Има интензивни разговори околу новиот граничен премин Пулевац  кон соседна Грција, кој е најавен за изградба во општина Кавадарци. Оваа информација денеска за МИА ја потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Интензивни се разговорите и со Република Грција и со нашата Влада. Наредната година ќе се стави комплетниот проект за изградба на заобиколницата, заедно со поврзување со граничниот премин. Тоа е ставено во Преспанскиот договор, бегање од таа работа нема. Со оглед на ситуацијата со Ковид-19, додека трае пандемијата мислам дека нема да има можност да се отпочне со изградба. Но со самото разлабавување на ситуацијата со пандемијата, проектите се спремни, одобрено е, ќе се тендерира и мислам дека многу брзо таа работа може да биде. Така да еве, моја прогноза е дека за две до три години, ќе имаме комплетен граничен премин со заобиколница, која ќе значи поголема безбедност и поголема заштита на животната средина, нагласи Јанчев.

Велосипедско-пешачката патека до месноста Моклиште е во завршна фаза и таа ќе биде готова до крајот на ноември, по што ќе биде ставена во функција. Дотогаш ќе заврши и реконструкцијата на градскиот парк, еден од најубавите во државата. Ќе се прави и нов парк кај споменикот на Киро Крстев.

Инаку во рамки на интензивната комунална изградба, денеска се асфалтираше улицата ,,Илчо Димов” во селото Ваташа, во кое, како што рече Јанчев, веќе речиси нема улици за асфалтирање. Тој потсети дека општината преку Министерството за транспорт и врски, со грант, подзаем на Министерството за финансии, преку Светска банка, доби еден милион и 150 илјади евра за ревитализација на други улици.

-Таа ревитализација ја опфаќа и улицата ,,Илинденска”, за прв пат по 45 години ќе биде реахибилитирана централната улица во градот со нов асфалт и нови тротоари, додаде Јанчев. свд/сст/

Кавадарци, 17 октомври 2020 (МИА) –


Видете следно

Колку е важно управувањето со отпадот во напредокот на Македонија во пристапните преговори за ЕУ

Во последниот извештај од Европската комисија за Македонија меѓу другите заклучоци од мониторингот на напредокот …