ЈАНЕВСКИ: ЃОРЧЕ СЕ САКА СО ДЕЛА


Во недела граѓаните на Ѓорче Петров одлучуваат во каква општина ќе живеат и каква општина ќе остават на генерациите кои доаѓаат. Никој нема уште триесет години да чека некој друг да им ги реши работите во Ѓорче а знаеме дека тоа треба да го направиме сите ѓорчепетровци. Не треба да бидеме неми сеирџии на настаните кои сите не засегаат и јасната визија за развој на општината Ѓорче Петров. Визијата која ја понудив и позади која силно застанав е „Првата зелена општина во градот Скопје “ не ветувајки утопистички објекти и инвестиции кои многу често не се под надлежност на локалната власт.
Сметам дека како интелектуалци треба да излеземе од комфорните зони и го ставиме целиот наш професионален капацитет во служба на подобрување на Моето,Твоето и Нашето Ѓорче.. Должни сме да создадеме иднина за младите и нивен професионален развој и длабоко сум убеден дека промените одлучно треба да започнат на локално ниво. Затоа сега е вистинското време со создавање на трајни вредности во општините, преточени во долгорочни развојни стратегии кои ќе претставуваат патоказ за сите кои ќе застанат на чело на општините и менаџираат . Градоначалниците се во сервис на жителите од општината, а не обратно и таа перцепција мораме да ја измениме.

Затоа во недела потребно е масовно да излеземе на гласање а мислата кога треба да не води е : Дали ќе продадеме и заминеме или градиме и создаваме зависи само од нас . Каково Ѓорче ќе создадеме во такво Ѓорче ќе живееме! Истакна Јаневски



Видете следно

Почна украсувањето на Охрид за новогодишните и божикните празници

Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со …