Јанков: Господа, распад систем сме! И како држава и како општество


„Малите нешта…

За само еден ден, поточно, половина ден, прочитав неколку вести од оваа „липа наша домовина“, што би рекле Хрватите.

Првата вест беше дека некаде во Велес, некои идиоти му ОТСЕКЛЕ УШИ НА КУЧЕ. Значи, да повторам, неколку локални бараби, фатиле живо суштество, кое питомо им пришло, очито го врзале, иначе верувам деак би ги обезмудило да пробале на слободно да го подвргнат на таква операција, и на живо му ги отсекле ушите. Ничим изазвани. Нивото на садизам е доволно да ве бутне од столица кога ќе прочитате.

После тоа читам за судбината на најниската жена во Македонија (живее во Општина Чашка), и чија најголема желба е да има бољер за да се ИЗБАЊА СО ТОПЛА ВОДА. Да не зборувам дека мизерува со 4.000 денари социјална помош и дека на 62 години сама живее и го одржува домот. Срце ми се скина кога објаснуваше дека и смрзнало зимото казанчето во WC па тие 1.000 днари кои ги заработила со продавање ан плетени работи, ги дала за тоа. Човекот што го монтирал го почастила со пиво кое го имала со месеци, од што нема со што друго. 21 век, Македонија, најголема желба де се избањаш со топла вода…

Читам понатаму, Струшкиот градоначалник си го спикал газот во автомобил од 70.000 евра. И уште им се кези у фаца на сите со изјава дека „обични граѓани возат коли од по 100.000 евра“. Што сме ние другите, необични?! Може најдобро е сите да испоумреме, пошто за никаде не сме, вакви „необични“?

Идам даље, пресуди за 27 Април… Тероризам и рушење на поредок. Господа, јас таму гледам извршители. Каде се НАРЕДБОДАВЦИТЕ?! Гласаат како ќе ги навиете или изиграваат маџарски туристи? Ситната боранија да скапува во затвор, а оние шака народ што цел народ дупеа у мозок 10 години да се шетаат и да ни се смеат у лице? За „коалициониве“ да не ни зборувам, за нив се знае, заштитени се боље од бели мечки и носорози заедно…

Да не збориме за вести од стилот на ваму горат трски, ваму дивоградби, се пали отпад, диви депонии, луѓе умираат по ходници на болници, труење на кучиња…

Господа, распад систем сме! И како држава и како општество! Баш овие „мали нешта“, како малтретирање на животни и негрижа за соседот и водат до оние поголемите, чобани од планина да ни ги јадат до преситување НАШИТЕ пари! Нека ви влезе низ дебелите черепи фактот дека оние дебелогузи креатури, напикани во Собрание, Влада, Општини се СИТЕ ДО ЕДЕН ПЛАТЕНИ СО НАШИ ПАРИ! Не се од баба им и дедо им да ги трошат како им прдне на курот, да ги јадат, пијат, да купуваат коли, станови, куќи, одмори, стипеднии.

Политичарите можат да зборуваат за „правната држава“ и да ја повторуваат мантрата дека се е во складот на правните прописи и законите. Ме заболе онаа работа за „правната“ држава! Јас сакам ПРАВИЧНА држава!

Реалната власт е ВО НАРОДОТ! Кај тие „необичните“ и кај малите нешта…“

Facebook статус: Андреа Јанков


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …